Луис Хамилтон ќе тргне од петтата стартна позиција на утрешната Формула 1 трка за Големата награда на Австрија откако беше одлучено да добие казна од три позиции поради инцидентот од Кими Раиконен во првата сесија од денешните квалификации.
Од неговата казна профитираат Ферстапен, Ботас и Норис кои се поместуваат на позициите, два, три и четири. Шарл Леклер ја има пол позицијата.
Себастијан Фетел ќе биде дури деветти на стартот откако не го заврши третиот дел од квалификациите поради проблемите со моторот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА