Хамилтон и Меси ја поделија престижната награда Лауреус

Капитенот на Барселона и актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон се првите спортисти кои заедно се добитници на престижната награда Лаурeус за најдобар спортист за 2019 година. Првпат во 20-годишната традиција на оваа нагрaда се случува да има еднаков број гласови за победникот и поделба на признанието.

Двојката ја победи жестоката конкуренција во која беа и Тајгер Вудс, Рафаел Надал, Марк Маркез и Елуд Кипчоге. Во гласањето учествуваат поранешни спортски ѕвезди. Манифестацијата се одржа во Берлин.

„Сите имаме огромна обврска да ја искористиме областа во која дејствуваме во борбата за полова еднаквост во спортот, еднаква застапеност за сите коие се обидуваат да станат дел од спортскиот свет и да го претставуваме денешниот свет на вистински начин“– изјави Хамилтон.

Лео Меси кој не беше присутен на доделувањето порача дека наградата за него е огромна чест. Тој е првиот фудбалер кој го добива признанието.

Во женска конкуренција признанието повторно отиде кај Симон Бајлс, гимнастичарката кој има најмногу медали од светските првнества, 25  и која му помогна на тимот на САД да ја освои петтата последовна титула. За Американката ова е трета награда Лауреус.

Кошаркарската репрезентација на Шпанија ја освои наградата за особено постигнување во годината, сноубордерката Клое Ким втора година по ред е акциска спортска личност на годината.

 

Се вчитува...