Хамилтон ја откри болната вистина за Ферари: „Не знаев дека ќе биде толку лошо“

Беше оваа година полна со надеж за Ферари, особено откако Луис Хамилтон се реши да се облече во „црвено“, но неговата прва година се претвори во кошмар.

Наместо битка за титулата, Хамилтон се соочи со болид кој едноставно не можеше да се натпреварува со најдобрите оваа година. Сега кога страстите малку се смирени, Британецот се одлучи да проговори за ситуацијата во италијанскиот тим.

„Дали знаев дека ќе бидеме таму каде што завршивме на крајот од годината? Не, не знаев. Очекувавме пад, но беше полошо од очекувањата“, рече Хамилтон.

Сепак, Британецот верува дека атмосферата во Ферари не е нарушена и дека сите се фокусирани на враќање на титулата.

„Не можам да зборувам во име на целиот тим, но според моето искуство, сите останаа позитивни. Не сум забележал дека тоа ментално влијаело на некого. Сега се фокусираме кон идната 2026 година. Одморот ќе биде минимален, немаме многу време, мораме да размислуваме веќе за следниот шампионат“, додаде Британецот.

Се вчитува...