Хамилтон казнет во Баку – Трката за ГН на Азербејџан ја почнува од боксот!

Британскиот возач Луис Хамилтон трката за Големата награда на Азербејџан ќе ја стартува од боксот поради промени на новата погонска единица.

Иста казна како и седумкратниот светски шампион во Формула 1 има и Естебан Окон кој исто така мораше да го промени моторот за трката во Азербејџан.

После овие казни, откако Луис Хамилтон во квалификациите го зазеде седмото место, Фернандо Алонсо ќе стартува од место понапред како и Аргентинецот Франко Колапинто, кој исто така ќе биде од четвртиот ред на стартот.

Луис Хамилтон во минатото беше победник на патеката во Баку во 2018 година.

Се вчитува...