Проблемите за Мерцедес во Формула 1 шампионатот продолжија и на Големата награда на Јапонија каде три тима имаа побрзи болиди од британскиот со кој управуваат Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
Тоа предизвикува големо незадоволство кај седумкратниот шампион Хамилтон кој цели кон рекорд. А, како што вели самиот до истиот ќе има шанса да стигне само доколку во следните шест месеци Мерцедес напредува повеќе од било кога во тој временски интервал.
„Немам претстава каков болид ќе имаме следната сезона во однос на конкурентите, но сега заостатокот е многу голем. Мораме да се надеваме дека во следните шест месеци развојот на нашиот тим ќе биде најдобар во историјата на Формила 1 со цел да можеме да се приближиме до Ред Бул.
Доказ постои. Тоа е Мекларен и не смееме тоа да го игнорираме. Тој е вистинскиот начин на кој се напредува. Навистина верувам дека Мерцедес може да направи таков потфат“, изјави Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА