Хамилтон: Ќе има многу солзи во текот на летната пауза

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, изјави дека ќе „пролее солзи“ за време на тринеделната летна пауза во шампионатот.

Оваа година Хамилтон, го напушти Мерцедес по 12 години и се пресели во Ферари, но во првиот дел од сезоната во 13 трки не ги постигна очекуваните резултати и немаше ниту еден пласман на подиумот.

Најуспешниот возач на сите времиња со 105 победи во Формула 1, неодамна изјави дека е за структурни промени во италијанскиот тим за кои верува дека ќе му помогнат на Ферари да го заврши своето пост без титула.

„Последните, којзнае колку, сезони беа тешки на свој начин. Оваа дефинитивно беше најинтензивна, би рекол од работна перспектива. Интеграција во нова култура и нов тим. Не помина непречено во сите области, тоа беше вистинска битка. Дефинитивно треба да се оддалечам и да ги наполнам батериите, да се смеам, да се опуштам. Сигурен сум дека ќе има солзи во одреден момент и мислам дека тоа е навистина здраво“, рече Хамилтон.

Се вчитува...