Британскиот возач Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка за Големата награда на Унгарија. Тој беше најбрз на денешните квалификации на патеката Хунгароринг, кои се возеа на дожливо време, но асот на Мерцедес се снајде најдобро и заслужено утрешната трка ќе ја стартува од првото место.
Британецот во самиот финиш успеа да го надмине времето на својот клупски колега Валтери Ботас. Тоа е петти пат оваа сезона Хамилтон да стартува од најдобрата позиција. Зад Ботас се најдоа двата болиди на Ферари, па трет ќе биде Раиконен, а четврти Фетел, додека најголемо разочарување е слабиот настап на Рикиардо, кој утрешната трка ќе ја стартува од 12. позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА