Луис Хамилтон вели дека е фокусиран на освојување на нова Ф1 титула и дека тоа ќе го направи паралелно со борбата против расизмот во која е исклучително активен. Возачите во Ф1 го изразија јасниот став против расната дискриминација на воведната трка од првнеството во Австрија.
„Немам чувство дека треба да се ре-фокусирам. Имав добра трка. Морам да бидам подобар, но не е точно дека вниманието ми беше на друга страна. Фокусиран сум на двете работи, се обидувам да триумфирам во шампионатот, а истовремено и да се борам за еднакви права“ – изјави Хамилтон.
Пилотот на Мерцедес имаше бурен викенд на австриското гран-при и заврши на четвртото место. Победник беше неговиот тимски партнер Валтери Ботас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА