Британецот Луис Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата на утрешната спринт-трка за Големата награда на Бразил. Тој вечерва на патеката Интерлагос во последниот квалификациски циклус оствари време од 1:07.934 што беше за 438 илјадити делови од секундата подобро од најголемиот ривал Макс Ферстапен. Третото место му припадна на вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас.
Без разлика на пласманот на утрешната спринт-трка Хамилтон ќе стартува пет позиции поназад поради казната која ја заработи денеска поради промена на моторот.
,
Lewis Hamilton goes fastest!
What a session for the @MercedesAMGF1 driver, incredibly strong 💪#BrazilGP 🇧🇷 #F1 pic.twitter.com/9BW4A6OXbl
— Formula 1 (@F1) November 12, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА