Британецот Луис Хамилтон ќе ја стартува од најдобрата позиција на утрешната трка во Остин за Големата награда на Соединетите Американски Држави во Формула 1. Тој за шест стотинки имаше подобро време во квалификациите од Себастијан Фетел, кој поради казната што ја доби на тренингот во петокот, сепак ќе мора да ја почне трката од петтата стартна позиција.
Веднаш до Хамилтон во првиот ред ќе биде Кими Раиконен. Зад нив ќе бидат поставени болидите на Валтери Ботас и на Даниел Рикиардо.
Колку е значајно да се стартува од првиот ред на трката во Остин, доволно говори податокот дека последните шест победници стартувале токму од пол – позиција (3) или од втората позиција (3).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА