Луис Хамилтон најдобро се снајде на ненормалните услови за возење во Австрија поради обилните дождови што паѓаат во текот на целиот ден и успеа да ја осигура пол-позицијата за втората овосезонска трка во Формула 1 шампионатот.
Актуелниот светски првак извозе феноменален круг, за што доволна потврда е фактот дека второпласираниот Ферстапен имаше за 1,2 секунди послабо време од Хамилтон. Третопласиран во денешните квалификации беше Саинц, а четвртото место му припадна на вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, зад кого следат Окон, Норис, Албон, Гасли и Рикиардо.
За одбележување е новото очајно издание на болидите на Ферари, па така Фетел едвај влезе во последните квалификации и на крај беше десеттопласиран, додека Леклер утрешната трка ќе ја стартува од 11. позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА