Актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон пропушти прилика за нов трофеј на трката за големата награда на САД во Остин. Британецот не успеа да го исполни потребниот услов, да освои осум бода повеќе од конкурентот Себастијан Фетел.
Нова шанса за заверка на новата титула, Хамилтон ќе има следниот викенд, на трката во Мексико. Тој во моментов има 70 бода повеќе од Фетел.
„Кога ќе си го видите болидот на милион делови, утрото пред трката, јасно ви е дека работите не стојат добро. Да немавме вакви проблеми, исходот веројатно ќе беше поинаков. Во текот на трката се чувствуваа остатоци од оштетувањата. Бев принуден на две влегувања во боксот поради тоа што некои раобти на болидот не беа идеални“ – изјави Хамилтон.
До крјот на Формула 1 шампионатот има уште три трки. По Мексико лседуваат Бразил и Абу Даби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА