Формула 1 овој викенд се врати во Имола цели 14 години по одржувањето на последната трка. Причина за тоа е пореметувањето на календарот поради пандемијата на коронавирусот, па култната патека влета сезонава како заменска.
Имола, сепак, е најпозната како местото на кое во 1994 година животот го загуби легендарниот Аиртон Сена, идол на многу млади возачи… Па, и на Луис Хамилтон, кој никогаш не настапил во Имила во Формула 1.
Враќајќи се на местото на трагедија, на која ден пред Сена во квалификациите загина и Австриецот Роланд Раценбергер, денес Хамилтон тешко може да ги сокрие емоциите. Таа 1994 година имал само девет година, потсетувајќи се на ужасниот ден.
„Тој ден имав трка во картинг. Му помагав на татко ми околу подготовка пред трката кога некој помина и кажа дека загинал Сена. Не можев да се воздржам. Сена беше мој идол. Но, морав да се тргнам од местото и да се кријам од татко ми затоа што не ми дозволуваше никогаш да плачам. Се сеќавам дека се обидов да ја канализирам таа голема тага, и дури и победив на трката. Но, деновите и неделите кои следеа потоа беа ужасни за мене. Не можев да ја тргнам мислата од Аиртон“ – раскажува Хамилтон, кој сезонава во генералниот пласман води со 256 бода, 77 повеќе од клупскиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА