Не е првпат, актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон да негодува околу атркативноста на трките во најбрзото првенство, но со последниот испад би можел конечно да го привлече вниманието на надлежните во овој спорт.
„Сигурен сум дека некои луѓе заспиваат по стартот и се будат со аларм пред финишот. Има многу здодевни трки и мора да размислиме како да ги направиме работите поинтензивни“ – вели Хамилтон кој признава дека во актуелнава сезона работите малку се подобрени.
Хамилтон е на чекор до нова титула во Формула 1 шампионатот, има 67 бода повеќе од единствениот конкурент, Себастијан Фетел. До крајот од сезоната има уште четири трки, следната е викендов во САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА