Луис Хамилтон беше супериорен во првите две тренинг сесии на патеката во Шангај, најавувајќи уште една жестока битка на неделната тркаво Формула 1 за ГН на Кина.
Зад Хамилтон во втората сесија заврши Кими Раиконен, а доминацијата на Мерцедес и на Ферари ја дополнија и Валтери Ботас и Себастијан Фетел кои имаа трето и четврто време.
Фернандо Алонсо од Мекларен успеа да влезе во топ 10, откако неговиот тимски колега Штофел Вандорн беше замолен од екипата да му помогне на Шпанецот по излизгувањето на рамниот дел од патеката. Но, Белгиецот мораше предвреме да ја заврши трениг сесијата поради веќе хроничниот проблем со тркалото на болидот.
Дополнителен проблем за дел од возачите беше и дождот што заврна за време на тренингот, поради кој многу од возачите се повлекоа во боксот.
Траката за ГН на Кина ќе се вози в недела со почеток во 8 часот по средноевропско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА