Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон беше, најбрз на двата официјални тренинзи на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн, пред првата трка во новата Ф1 сезона што стартува викендов.
Британецот во болидот на Мерцедес беше најбрз и во двете сесии. Најдобро го следеше Макс Ферстапен од Ред Бул во првиот дел и неговиот тимски колега од Мерцедес, Валтери Ботас во втората сесија.
Главниот конкурент на Хамилтон во борбата за титулата, Себастијан Фетел со Ферари, и на двата тренинзи имаше петто време зад својот клупски колега Кими Раиконен.
Мерцедес покажа дека одново има најкомплетен и најдоброподготвен болид, но сезонава ни конкуренцијата не заостанува многу, дури и со поспората варијанта на пневматици на првите тренинзи во Австралија.
Утре на програмата е третиот тренин, а квалификациите почнуваат од 7 часот по средноевропско време. Трката за ГН на Австралија е во недела со почеток во 7.10 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА