Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон минатиот викенд испиша нови страници во историјата откако стана рекордер во Формула 1 по бројот на победи. Британецот во Португалија ја забележа 92 победа во кариерата и така го урна рекордот на легендарниот Михаел Шумахер.
„Мислам дека се уште ништо не е готово. Сакам да ја продолжам низата на победи. Сакам кога ќе заврши периодов на пандемијата сите да продолжиме по старо и секој од нас да биде на местото на кое заслужува. Сакам да продолжам да се тркам, но не знам до кога ќе биде тоа возможно. Ова е период кога веќе морам да почнам да мислам на иднината и да правам планови за неа. Во моментов единствено нешто што можам да потврдам е дека и следната сезона ќе бидам дел од Мерцедес“, изјави Хамилтон.
Најдобриот возач во Формула 1 во 2013 година потпиша со Мерцедес и оттогаш е дел од тимот со кој доминира во најбрзиот циркуз во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА