Луис Хамилтон отфрли секаква можност за намерен судир со Макс Ферстапен, доколку тоа му ја донесе титулата. Во пресрет на трката за Големата награда на Мексико, Британецот даде свој коментар за зборовите на првиот човек на Мерцедес, Тот Волф, кој изјави дека очекува борба меѓу Макс и Луис како што имаше порано меѓу Сена и Прост, борба каде што се е дозволено и нема правила.
На пет трки пред крајот на шампионатот, Хамилтон има 12 бода помалку од Макс Ферстапен во генералниот пласман.
„Искрено не прочитав прво дека Тото го кажал тоа и искрено се сомневам дека е така кажано. Никогаш не ја освоивме шампионската титула на тој начин, никогаш не ја освоив титулата така, искрено и не сакам. Од моја гледна точка, тука сум да победам на вистински начин. Верувам дека тоа е можно преку умешност, посветеност и напорна работа. Ме интересираат само вакви триумфи“, изјави Британецот.
За потсетување, трката за Големата награда на Мексико се одржува во Мексико Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА