Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон воочи трката за Големата награда на Мексико истакна дека не верува дека тој или неговиот клупски колега во Мерцедес, Џорџ Расел ќе успеад да победата сезонава.
Британецот имаше одлична шанса минатата недела на трката за Големата награда на Тексас, но во финишот го загуби првото место од неверојатниот Макс Ферстапен кој стигна до 13. победа сезонава.
„Ќе направиме се за да победиме, но речиси и да нема шанси тоа да се случи. Не сме доволно брзи за да се справиме со Ред Бул. Ферстапен беше зад мене и Леклер во Остин. Успеа да го помине Леклер, потоа мене и на крајот да има повеќе од три секунди предност“, изјави Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА