Хамилтон: Немам зошто да се докажувам на било кого

Новата сезона во Формула 1 ќе стартува наредниот викенд на вообичаената локација во Мелбурн, а очите на јавноста ќе бидат насочени кон Луис Хамилтон, големиот ас кој за првпат ќе вози една Ф1 трка во болидот на Ферари.

Искусниот 40-годишен Британец пред крајот на кариерата се реши да се пресели во најреномираниот тим во Формула 1, овој трансфер сам по себе носи и одговорност, но Хамилтон тврди дека не чувствува никаков притисок.

„Не велам дека ќе биде лесно, воопшто не го мислам тоа. Сепак, не чувствувам никаков притисок, јас така функционирам, не дозволувам надворешните фактори да влијат врз мене. Притисок е она што си го создавам сам на себе, желбата да успеам и да имам добри резултати. Немам зошто да се докажувам на било кого, добро знам кој сум јас и за што сум способен. Сакам да одговорам на предизвикот, за себе, за моето семејство и за овој тим што навистина заслужува успех. По сите оние години во Мерцедес, се уште се навикнувам на некои работи во болидот на Ферари. Постои поинаква вибрација во самиот болид, но се ќе биде во ред“, изјави Хамилтон.

Се вчитува...