Новиот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон вчера ја обезбеди четвртата светска титула во неговата кариера. 32- годишниот возач во Мексико заврши на деветтата позиција, доволна за да стане единствениот Британец кој освоил четири светски титули во Формула 1.
„Тешко ми е да поверувам. Се чувствувам избезумено по трката, но, конечно имам мир во душата. Не можам да си поверувам, дури самиот влез во Фромула 1 за мене беше остварување на сон, а сега ја освоив четвртата титула, никогаш не ни помислував дека можам да освојам една, а не четири. Јас сум само дете од Стивенејџ, ова е остварување на сите соништа. Иако не ја завршив трката како што посакувам, морав да ја завршам работата, гордо и со желба за победа. Имав добар старт, дадов се што можев. Сакав да го освојам шампионатот во стил, да се качам на подиумот, но очигледно ме удрија од позади. Сето тоа сега не важи, за мене е важно што ја израдував цела Британија, но нема да застанам тука, има уште многу да се освојува, се уште не се заситив од трофеи“, истакна Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА