Луис Хамилтон викендов во Франција ќе ја вози својата „300“ трка во Формула 1 шампионатот. Тој пред трката за француските медиуми говореше за целата негова кариера, а спомена и кој е неговиот најдобар ривал во кариерата.
Британецот вели дека негов најголем ривал е Шпанецот, Фернандо Алонсо.
„По прашање на чиста брзина би рекол дека Фернандо Алосно е мојот најголем противник. Имавме многу добри борби. Би сакал да беа уште повеќе. Се надевам дека ќе продолжи да се трка и во иднина“, изјави Хамилтон.
Трката за големата награда на Франција на програмата е во недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА