Хамилтон по дебито за Ферари: Болидот беше многу полош отколку што се надевав…

Луис Хамилтон имаше кошмарно деби во болидот на Ферари откако поранешниот Ф-1 шампион мораше да се задоволи само со десетото место на трката за Големата Награда на Австралија, на отворањето од новата сезона во „летечкиот циркус“.

Хамилтон делуваше оптимистички расположен во пресрет на овој викенд, но Британецот не го криеше разочарувањето од настапот  во Мелбурн.

„Секогаш е незгодно когаа за првпат ќе возиш за нов тим, морам да признам дека беше многу полошо отколку што се надевав. Болидот беше многу, многу тежок за возење и контролирање. Среќен сум што барем не завршив во заштитниот ѕид, затоа што многу често болидот се движеше токму во тој правец“, разочаран беше Хамилтон.

Се вчитува...