Луис Хамилтон блесна во полн сјај на Големата награда на Соединетите американски држави каде заврши на второто место зад Макс Ферстапен, но пиедесталот на британскиот возач беше поништен од страна на ФИА откако неговиот болид не ги помина техничките контроли по финишот.
По дисквалификацијата се огласи и самиот Хамилтон кој сепак изрази задоволство од викендот во Остин и напредокот на неговиот болид.
„Дојдов овде со размислување да се борам напорно, се чувствував одлично и многу среќен со мојот настап. Генерално, се разбира, не ја спроведеме трката на оптимален начин. Но, имавме добро темпо и се чувствував одлично зад воланот на болидот. Беше тешко да се бориме со противниците бидејќи беа многу брзи, но можеме да се радуваме со многу. Се чувствувам оптимист дека одиме напред, дури и ако мислиме дека би можеле да победиме. Секако дека сме разочарани од дисквалификацијата по трката, но тоа не го негира напредокот што го направивме викендов“, изјави Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА