Хамилтон по најлошата сезона во Формула 1 не се плаши од отказ

Луис Хамилтон приреди големо изненадување откако се одлучи на стартот на веќе изминатата сезона да го промени болидот на Мерцедес со оној на Ферари, но големото задоволство брзо донесе големо разочарување кај навивачите на италијанскиот гигант.

Седумкратниот шампион не прикажа ниту дел од тоа што претставува во светот на најбрзото натпреварување, завршувајќи ја сезоната без ниту едно место на подиумот, нешто што му се случува за прв пат во кариерата.

Во текот на сезоната постоеја разни гласини за негово заминување од тимот, но тој е оптимистичен кога станува збор неговата иднина во Ферари.

„Воошто не се грижам за отказ. Ова е нова група на луѓе, ново опкружување на кое се уште се навикнувам. Сите работиме со сета сила, но тоа да се покаже на видик мора да помине некое време. Не оди тоа преку ноќ. Потребно е време“, изјави Хамилтон.

Се вчитува...