Ферари и Луис Хамилтон доживеаја уште едно големо разочарување на Големата награда на Лас Вегас. Британскиот возач со седум шампионски титули зад неговото име стартуваше од последната позиција и стигна до осмото место на финишот, но тоа не го подобри неговото расположение.
Хамилтон вели дека ова е најлошата сезона кој ја има и се чувствува очајно…
„Се чувствувам очајно, ужасно. Ова е најлошата сезона. Без обѕир на тоа колку се трудам, се е полошо и полошо. Се обидувам да направам апсолутно се, но не вреди“, кратко изјави 40-годишникот по трката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

