По неуспешното деби во болидот на Ферари и освоеното десетто место на Големата награда на Австралија, Луис Хамилтон направи голем пресврт освојувајќи ја пол-позицијата за спринт трката во Кина.
Во успехот не верувал ниту самиот Хамилтон кој откри дека бил запрепастен од пласманот.
„Не знаев која позиција можев да ја освојам по минатиот викенд. Дојдов тука да бидам што е можно поагресивен, сакав да имам добар пласман. Подобро го чувствувам автомобилот, но не можам да верувам дека сме први. Малку сум запрепастен“, изјави Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА