Хамилтон по првото возење во болидот на Ферари: Чувството беше неверојатно

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон изјави дека го обземале неверојатни емоции кога за прв пат седнал во болидот на Ферари.

На тест-патеката Фиорано на Ферари, Хамилтон го возеше „SF-23“ со спецификација од 2023 година, со неговиот број 44, носејќи нова жолта кацига со познатото лого на Ферари.

Првиот работен ден како возач на Ферари го имаше во понеделникот, откако го напушти Мерцедес на крајот на минатата година по 12 сезони.

„Кога го стартував болидот и поминав низ вратата од гаражата, ја имав најголемата насмевка на моето лице. Тоа ме потсети на кога првпат тестирав Формула 1 болид, тоа беше возбудлив и посебен момент и еве ме, скоро 20 години подоцна повторно ги чувствувам тие емоции“, изјави 40-годишниот Хамилтон.

Се вчитува...