По двете успешни трки во Соединетите американски држави и Мексико на кои Луис Хамилтон успеа да заврши на втората позиција, Мерцедес повторно потфрли на Големата награда на Бразил. Хамилтон заврши на осмата позиција, додека Расел поради проблеми воопшто не ја заврши трката.
Голем проблем за Мерцедес во Јужна Америка беше деградацијата на гумите, нешто за што говореше и самиот Хамилтон по трката.
„Не се чувствував очајно како на спринтот. На него останав без гуми. Мислам дека извозев подобро на главната трка и подобро ги менаџиравме гумите, но болидот на моменти работеше, на моменти не, немаше константност во еден круг. Мора да најдеме што е проблемот. Спори сме во свиоците, спори сме и на правецот, болидот се лизга на корнери. Ова беше викенд за заборав, но добивме многу поуки“, изјави Хамилтон.
На две трки до крајот на сезоната Мерцедес нема на што да се надева, а тоа го потврди и Хамилтон кој едвај чека да заврши сезоната.
„Ако гледаме наназад, требаше некои работи да ги направиме поинаку, но тоа е што е. Горд сум на тимот кој прави се што може. Целата сезона се обидуваме да бидеме подобри. Ни остануваат уште две трки и се надевам дека потоа нема да треба повеќе да го возам болидов“, додаде Британецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА