Хамилтон по трката во Сингапур морал итно да оди на лекарски прегледи

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон имал големи физички проблеми за време на денешната трка за Големата награда на Сингапур која се возеше на патеката „Марина беј“ поради што морал да замине на итни лекарски прегледи.

Иако беше ноќна трка, возачите извозеа 62 круга по екстремно топла температура и висока влажност на воздухот.

Од Ферари потврдија дека на Хамилтон кој не се појави на прес-конференцијата по трката, му била потребна лекарска помош.

 

Портпаролот на Ферари за медиумите изјави дека Хамилтон се чувствувал многу лошо по трката и бил прегледан од лекарскиот тим на Светската автомобилска асоцијација (ФИА).

На трката за Големата награда на Сингапур славеше возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен.

 

 

Се вчитува...