Луис Хамилтон продолжува да урива рекорди во Формула 1, а актуелниот светски првак ниту на 35-годишна возраст воопшто не размислува за пензионирање. Преговорите за нов договор трaат подолго време, но според последните информации двете страни се многу блиску до продолжување на соработката, и тоа за нови три сезони во кои Британецот ќе заработи огромни 120 милиони фунти.
„Мерцедес и Хамилтон преговараат за нов договор на три години, а челниците на Мерцедес прават се што можат за тој да потпише што поскоро и да се стави крај на темата“, тврди Рос Браун, човекот кој го донесе британскиот ас во овој Ф-1 тим.
Според него, клучните детали од договорот се веќе средени и се чека само уште на неколку детали за официјализација на продолжувањето на соработката.
Хамилтон ќе тргне од пол-позицијата на денешната трка во Сочи, а со евентуален триумф британскиот возач би го израмнил рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа на трките од Формула 1 шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА