Седумкратниот Ф1 шампион, Луис Хамилтон потврди дека Анџела Колен нема да биде повеќе негов тренер по седумгодишната меѓусебна соработка.
Новозеланѓанката му се приклучи на Хамилтон во 2016 година, и беше со него во периодот од 2017 до 2020 година кога стигна до четири едноподруго светски титули.
И Хамилтон и Колен преку социјалните мрежи ја потврдија разделбата, но не прецизираа дали трката во Саудиска Арабија овој викенд ќе им биде последна заедничка.
„Последните седум години Анџела Колен беше со мене, мотивирајќи ме да бидам и најдобрата верзија од себе. Јас сум подобар спортисти и подобра личност поради неа. Ти благодарам на се Енџ, едвај чекам да видам што ти подготвува иднината“ – напиша Хамилтон на Инстаграм.
Колен напиша дека минала извонреден период со Хамилтон а сега ја очекува нова „авантура“ поради што е навистина возбудена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА