Најбрзото натпреварување во светот се враќа во етерот овој викенд со Големата награда на Сингапур каде водечкиот Макс Ферстапен ќе има шанса да ја освои шампионската титула. За истото на Холанѓанецот треба да му се „поклопат коцките“, но на шест трки до крајот на сезоната веќе е извесно дека возачот на Ред Бул ќе успее да ја одбрани титулата.
Во пресрет на трката за медиумите говореше Луис Хамилтон, а Британецот имаше интересна изјава велејќи дека за навивачите не е интересно тоа што шампионот нема да биде познат на самиот крај на сезоната.
„Искрено жал ми е за навивачите секогаш кога трка ќе се заврши во рана фаза од првенството. Многу е подобро како претходната година кога се одлучуваше во последната трка“, изјави Хамилтон кој од седумтте титули само две ги освои во последната Голема награда.
„За мене како индивидуа е одлично кога порано ги осигурував титулите, но за спортот не е. На сите нас ни се во сеќавање последните 17 секунди од 2008 година или тоа што се случи во Абу Даби лани. Верувам дека во иднина ќе има уште многу такви шампионати“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА