Хамилтон превзема вина за сударот со Расел (ВИДЕО)

Големата награда на Катар не донесе ништо добро за Мерцедес откако Луис Хамилтон и Џорџ Расел се судрија во првиот свиок во првиот круг од стазата. Во желба да го престигне својот сонародник седумкратниот шампион удри во помладиот колега за што и се извини.

Хамилтон кого камерите го уловија и по трката како се прегрнува со Расел се огласи на социјалните мрежи по прегледот на снимката.

„Ја прегледав репризата од инцидентот и заклучив дека вината е потполно моја. Ја превземам целата одговорност и му се извинувам на Расел“, напиша Хамилтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)

Се вчитува...