Формула 1 шампионот, Луис Хамилтон во пресрет на новата сезона кој стартува на 17. март вели дека е подготвен за нови битки со Ферери, но признава дека италијанскиот тим во моментов е еден чекор пред неговиот Мерцедес во поглед на подготвеноста на болидот.
„Минатта година дојдоа со болид кој беше добар, а годинава направија уште подобра работа. Ние немаме ништо против предизвик, сакаме борба и тоа значи дека треба да работиме подбро. Мора да ја искачиме угорницата, а ние знаеме како да го направиме тоа“ – вели Хамилтон
Хамилтон вели дека претсезонските тестирања минале добро, но дека Ферари подбро ги искористил новите правила.
„Знаеме дека болидот не беше оптимален во претходните две седмици. Мораме да поработиме на тоа. За мене како возач, најважно е од возилото да го извлечам најдоброто“ – потенцира Британецот.
Луис Хамилтон и Мерцедес се петкратни последовни Ф1 шампиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА