Актуелниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, ја довел во прашање сопствената иднина во овој спорт. Главна причина за ваквите размислувања бил тешкиот период во изолација и неизвесноста околу почетокот на сезоната 2020. Шесткратниот првак признава дека се борел со себе за да најде мотивација.
„Имам денови во кои се будам и се чувствувам гроги. Не се чувствувам воопшто мотивирано за да работам. Се прашувам што правиме, во која насока се движиме, дали да продолжам со тркањето, но многу брзо се враќам и си велам „јас го сакам ова“ и зошто воопшто би размислувал да престанам да го правам “ – раскажа Хамилтон во видео на неговиот тим Мерцедес.
Формула 1 е во особено тешка ситуација. Компликуваниот процес на организација на трките како и бројните патувања но луѓе од многу држави го прават ова првенство најризично во време на и пост коронакризата. Затоа од Ф1 размислуваат за евентуален почеток на сезоната во јули, но огромен проблем прави одлуката на британската влада за задолжителен карантин за лица кои доаѓаат од други држави. Идејата е сезоната да почне на „Силверстоун“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА