Откако ја освои историската седма титула во Форума 1 шампионатот и го сруши рекордот на најмногу победи во кариерата, како и рекордот на најмногу подиуми, на Хамилтон му преостануваат уште три рекорди кои ги држи Мајкл Шумахер, а по преостнатите три трки може да бидат изедначени или да преминат во рацете на Британецот.
1. Победи во една сезона
Најуспешната сезона на Мајкл Шумахер во оваа категорија беше во 2004 година кога победи на 13 од 18 трки. Овој рекорд го изедначи и Себастијан Фетел во 2013 година кога победи на 13 од 19 трки, а истото може да го направи и Луис Хамилтон. Британецот оваа сезона има 10 победи на 14 трки, а доколку до крајот победи на преостанатите три ќе се изедначи со двата Германци.
2. Најмногу подиуми со еден констурктор
Откако го собори рекордот на најмногу победи со еден конструктор, Хамилтон може да го собори и рекордот на Шумахер за најмногу подиуми во еден конструктор. Германецот има 116 подиуми во Ферари, додека Хамилтон два помалку со Мерцедес. Доколку победи на најмалку две на преостанатите трки, Британецот може да го изедначи или собори и овој рекорд.
3. Вкупно водство по кругови
На последната трка за ГН во Турција, Хамилтон беше прв на листата на возачи во 22 круга, со што во својата кариера оваа бројка се искачи на 5.043 круга. Рекордот на Шумахер е 5.111, со што на Британецот му се потребни 68 круга водство во преостнатите три трки за да го изедначи рекордот или 69 за да го собори.
Големата награда на Бахраин е на програмата следниот викенд, 29. ноември. На истата патека ќе се вози и на 6. декември, додека последната трка за сезоната е во Абу Даби на 13. декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА