Хамилтон: Сакав да бидам како Сена

Освојувањето на шестата шампионска титула во Формула 1 дополнително го мотивра Луис Хамилтон. Британецот дојде на само еден пехар зад рекордерот, Михаел Шумахер и најавува дека ќе има уште многу победи и нови титули.

„Го живеам сонот. Никогаш не си ни замислував дека ќе имам шест титули. Но, мора да бидам уште подобар, мора уште повеќе да работам затоа што пред мене се нови победи и нови титули. Пораснав гледајќи Формула и сакав да бидат како Аиртон Сена. Кога почнував само посакував да успеам да влезам во Ф1, потоа си велев „да дојдам до три титули“. Сега имам двојно повеќе од тоа и ова е невртојатно“ – вели Хамилтон

До крајот од сезоната има уште две трки, а Хамилтон иако веќе го има трофејот најави дека ќе се обиде да биде што подобар и во Бразил и во Абу Даби, особено во квалфикациите затоа што посочува дека тоа е областа од која не е особено задоволен сезонава.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...