Хамилтон самокритичен по новиот дебакл: Бескорисен сум, Ферари треба да ме смени

За разлика од Шарл Леклер кој приреди сензација во квалификациите за Големата награда на Унгарија и ја освои пол-позицијата со фантастичен последен круг, неговиот клупски колега Луис Хамилтон беше големо разочарување.

Британскиот возач не успеа ни да се пласира во третиот елиминациски круг и ќе стартува од 12. позиција. За новиот неуспех и самиот се критикуваше по трката.

„Секој пат ја сум виновен. Бескорисен сум, потполно бескорисен. Проблемот не е во тимот, гледате дека другиот болид е на пол-позиција. Веројатно требаат да го сменат возачот“, изјави Хамилтон.

Се вчитува...