Луис Хамилтон и Лакс Ферстапен би можеле да бидат казнети со префрлање во последниот ред од спринт-трката (квалификации за утрешната трка) на Големата награда на Бразл која се вози од 18:30 часот.
Хамилтон на вчерашните квалификации беше пола секунда побрз од Ферстапен и Ботас, но судиите објавија дека неговиот болид е под истрага поради наводни неправилности во ДРС-системот. Британецот веќе доби казна од пет места поради замена на моторот, а ако се испостави дека болидот навистина бил неисправен вечерва ќе мора да стартува од последниот ред.
Но, на последниот ред би можел да се најде и Макс Ферстапен кој по квалификациите направи невидена глупост и е под истрага на судиите. Кога болидите се вратија во своите боксеви, Ферстапен е снимен како чепка по страничниот спојлер на болидот од Хамилтон, со што ги прекрши правилата.
И на Хамилтон и на Ферстапен денеска им е соопштено дека мора да се појават кај судиите на трката, по што ќе биде одлучено за нивните казни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА