Седумкратниот освојувач на Формула 1 шампионатот, Луис Хамилтон верува дека неговиот Мерцедес е се поблиску до доминантниот болид на Ред Бул кој оваа сезона заврши прв на сите Големи награди пред паузата поради летниот одмор.
И покрај тоа што параметрите не го докажуваат истото, британскиот возач вели дека се чувствува подобро во болидот кој е со поблиску до времето кое го поставува двоецот на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез.
„Горд сум на целиот тим, направивме големи чекори нанапред. Се чувствувам многу подобро во болидот, се поблиску сме до Ред Бул. Верувам дека ова е најава на големиот прогрес во следниот период“, изјави Хамилтон.
Формула 1 шампионатот продолжува на 27. август со Големата награда на Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА