Луис Хамилтон не го криеше разочарувањето по разврската на британското гран-при, на кое не успеа пол-позицијата да ја претвори во освојување на првото место. Една од главните причини дефинитивно е судирот што Хамилтон веќе во првиот круг го имаше со Кими Раиконен, за кој актуелниот светски првак изрази сомнеж дека е дел од тактиката на Ферари, да му се овозможи на Себастијан Фетел да ја зголеми својата предност во генералниот пласман.
„Немав лош старт, туку Ферари лошо стартуваше во мене. Што да кажам, интересна тактика на тимот, нема што, можеби ќе треба и ние во иднина да ја примениме. Покажав карактер, и кога бев на дното верував дека можам да победам, да не беше така немаше да стигнам до второто место. Жалам што не стигнав до победата, знам дека навивачите го посакуваа тоа исто колку и јас“ – истакна Хамилтон.
Трката за титулата продолжува, а возачот на Мерцедес по денешната трка има осум бода заостанување во однос на лидерот Фетел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА