Луис Хамилтон се соочува со истрага од ФИА поради носењето маичка со политичка порака за време на трката за големата награда на Тоскана. Шампионот носеше маичка на која пишуваше „Уапсете ги полицајците кои ја убија Бренона Тејлор“ мислејќи на 26-годишната медицинска техничарка која беше застрелана откако нејзиното момче почнало да пука на полицијата при претрес поврзан со дрога во нивната куќа.
Статутот на ФИА строго забранува политички пораки од било кој вид. Хамилтон би можел да биде казнет затоа што „ја преминал линијата“, тврди неименуван извор од Мерцедес. Сопственштвото на Формула 1, „Либерти Медиа“ досега работеше заедно со Хамилтон на кампањата против расизмот. Британецот ја носеше маичката и пред трката и на доделувањето на пехарите додека се интонираше британската химна.
Луис Хамилтон на хаотичната трка во Тоскана ја забележа 90-та победа во кариерата и по две седмици во Русија ќе оди на израмнување на рекодот на Михаел Шумахер од 91 триумф. Ако му успее да победи во Сочи, веќе седум дена подоцна во Германија ќе може да стане најдобар во историјата на Ф1 според бројот на победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА