Хамилтон шокиран по испаѓањето на спринтот во Белгија: „Ова ми се случува првпат…“

Луис Хамилтон доживеа големо разочарување во квалификациите за спринтот во Белгија. Нема добро да го памети денешниот ден на Големата награда на Белгија, откако беше елиминиран во првата квалификациска рунда за спринтерската трка.

Возачот на Ферари имаше лош прв круг, но на последната шикана во вториот обид се заврти на патеката и остана без шанси да помине понатаму. Британецот ќе ја започне саботната спринтерска трка само од 18-та позиција, што е далеку под очекувањата.

Во моментот на инцидентот, задниот дел од неговиот автомобил, Ферари СФ-25, кој има ново задно потпирање овој викенд, одеднаш се заклучи. Хамилтон се заврте и заврши во зоната на излет, а сè уште не е јасно дали станува збор за грешка на возачот или за дефект.

По квалификациите, Хамилтон изгледаше видно разочаран и депресивен пред камерите на Скај Спортс. На прашањето што точно се случило, тој кратко одговори: „Се свртев“, потврдувајќи дека станува збор за блокирање на задните тркала.

„За прв пат, мислам, во мојата кариера“, рече Хамилтон. Тој додаде: „Не е добро, не е добро. Немам што повеќе да кажам.“

На прашањето дали автомобилот се чувствувал поудобно за возење со новата суспензија,само дофрли:

„Утре е нов ден. Секако дека сум многу фрустриран. Вложив многу труд за да стигнам до тука. Не е добро.“

Тимскиот колега на Хамилтон, Шарл Леклер, беше многу поуспешен – ги заврши квалификациите на четвртото место, 0,768 секунди зад Оскар Пјастри од Мекларен, кој доминираше на пол-позицијата.

Се вчитува...