Актуелниот Ф1 првак, Британецот Луис Хамилтон, е победник на трката за Големата награда на Франција што се одржа на патеката „Пол Рикар“ во Ле Кастелет. Со тоа се врати на првото место во генералниот пласман. Тој славеше со време од 1:30.11.385 часа, пред Макс Ферстапен и пред Кими Раиконен. Четвртото место му припадна на Рикиардо, а на петтата позиција се најде Себастијан Фетел, кој се бори за шампионската титула заедно со Хамилтон. Сега Британецот има 14 поени предност, на врвот во генералниот пласман.
Хамилтон се загреа за трката со гледање на фудбалскиот меч меѓу Англија и Панама од Светското првенство во Русија, а тоа добро го мотивираше за да вози квалитетно и да ја валоризира 75.пол – позиција, од каде стартуваше на гранпри трката во Франција. Хамилтон се врати на врвот во генералниот пласман и ја направи борбата за шампионската титула уште поинтересна.
Следната трка е за седум дена, за Големата награда на Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА