Хамилтон си „царува“ дома на Силверстоун

Британскиот возач Луис Хамилтон е победник на трката за ГН на Велика Британија што се возеше на патеката „Силверстоун“. Тој беше доминантен пред домашните гледачи и максимално ја искористи пол – позицијата, доаѓајќи до петтиот триумф на оваа патека, а четврти последователен.

На второто место стигна Валтери Ботас, кој стартуваше како деветти, но возеше одлично и успеа да ги мине Фетел и Раиконен, кои имаа многу проблеми со пневматиците во самиот финиш. Третото место му припадна на Кими Раиконен, а четврти беше Верстапен. Рикијардо го освои петтото место, а Хулкенберг беше шести.

fetel problemi

Себастијан Фетел имаше голем пех и на крајот заврши на седмата позиција, па сега има само еден бод предност, 177 наспроти 176, во генералниот пласман во однос на Луис Хамилтон.

 

Се вчитува...