Луис Хамилтон едвај, како што вели, го чека продолжението на сезоната во Формула 1. Возачот на Ферари нема никакви забележителни резултати во својата дебитантска сезона, бидејќи оваа година не успеа ниту да се искачи на подиумот.
Седумкратниот светски шампион сезонава може да се пофали само со победа на спринт трката, која се одржа во Кина.
„Поминав неколку дена во фабриката во последните две недели. Ги анализиравме претходните трки и работите што треба да ги промениме. Одржав многу состаноци, каде што разговаравме за моторот, предната и задната суспензија за следната сезона“ – рече Луис Хамилтон.
Британецот е решен да ги сврти работите во остатокот од сезоната и да не дозволи неговата ера на Ферари да заврши со неуспех.
„Гледам огромен потенцијал во Ферари. Нивната страст е неспоредлива, но тимот е огромен и сите делови сè уште не работат хармонично. Ако ги погледнете последните 20 години, тие имаа неверојатни возачи, Кими, Фернандо, Себастијан. Сите се светски шампиони, но никој не ја освоил титулата со Ферари. Нема да дозволам тоа да ми се случи и мене, и затоа давам се од себе“ – заклучи Хамилтон.
Белгиското Гран При исто така вклучува и спринт трка, додека главниот настан е закажан за в недела, кога возачите ќе се борат за нови бодови во шампионатот на Формула 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

