Луис Хамилтон триумфираше на драматичната трка на патката „Муџело“, а светскиот шампион не ја пропушти можноста по трката да се вклучи во кампањата против полициското насилство врз Aфроамериканците во САД.
Хамилтон по завршувањето на трката го соблече возачкиот комбинизон и се појави со маица со политичка порака: „Уапсете ги полицајците што ја убија Бриона Тејлор“.
Убиството на Бриона Тејлор предизвика масовни протести во САД, откако оваа 26-годишна девојка беше застрелана со осум куршуми од полицајци што влетале во домот на нејзиното момче, барајќи дилери на дрога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА