Четирикратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон уште пред стартот на претсезонските тестови, најави дека очекува интересна сезона и нови конфронтации на патеката со главниот ривал – Ферари и Себастијан Фетел.
По преставувањето на новиот болид на Мерцедес, Британецот изјави дека очекува работите да се одвиваат во позитивна наскока и не ја пропушти можноста да го испровоцира ривалскиот тим.
„Се надевам дека ќе се претставиме на најдобар начин и дека ќе има конфронтации, затоа што во Ферари ќе бидат вознемирени од тоа“ – изјави Луис Хамилтон.
Изјавата на Британецот доаѓа како одговор на забелешката од Себастијан Фетел дека „конкуренцијата воопшто не ги вознемирува“ пред стартот на новата сезона. Тој тврди дека воопшто не се обидува да „игра“ на психолошкиот момент со Фетел иако ја истакнува својата предност во однос на својот ривал.
„Искрено да кажам, не играм психолошки игри. Едноставно, возам побрзо“ – вели Хамилтон.
Новата сезона во Формула 1 во која Луис Хамилтон ќе ја брани шампионската титула, стартува на 25 март со трката за ГН на Австралија во Мелбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА