Седумкратниот светски шампион во Формула 1, британскиот возач на Мерцедес, Луис Хамилтон, во понеделникот во Бразилија ја доби титулата почесен граѓанин на Бразил, земјата на неговиот идол Аиртон Сена.
Тој доби медал во жолто-зелените бои на Бразил од претседателот на Долниот дом Артур Лир, кој го нарече „Бразилец во душа“.
Хамилтон, кој в недела ќе биде дел од Големата награда на Бразил на Интерлагос, рече дека е „почестен“ со титулата, прва од ваков вид доделена на странец од страна на бразилскиот парламент.
Хамилтон остави впечаток по победата на Бразилското ГП во 2021 година кога му оддаде почит на Аиртон Сена, трикратниот светски шампион кој трагично загина на трката во Имола во 1994 година.
„Кога ќе помислам на улиците на Ел Салвадор или на скапоцената амазонска прашума, сакам да поминам уште повеќе време овде за подобро да ги запознаам неверојатните луѓе и местата на оваа прекрасна земја“, рече Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА